Model S на TESLA го извозе Нурбургринг со рекордно време

Реклама

Американскиот суперавтомобил ТЕSLA S Plain, успеа да ја извози патеката на Нурбургринг за време од 7:30.9 и зад себе го остави претходно поставениот рекорд на Porsche Taycan Turbo со цели 12 секунди подобро време.

Со тоа, TESLA го има рекордното време за електричен автомобил во фабричка верзија на тркачката патека во Германија.

Постигнувањето го истакна и Елон Маск, кој преку твит ја информираше јавноста дека новиот модел Tesla S Plain, во целосно фабричка верзија, без никакви прилагодувања или тјунирања, го оставила вториот на листата далеку зад себе.

Притоа, електромобилот на Tesla успеал да го победи претходниот рекордер Таycan не еднаш туку два пати.

Вториот најбрз круг во возењето на Tesla бил 7:35.6 секунди.

Како изгледаше целата брзинска трка на автомоблот со моќност од 1.020 коњски сили, можете да видите од видеото во прилог.