Mercedes Benz направи уметничка инсталација во Минхен

82
Фото - Mercedes Benz

Овој Септември, по минатогодишната Ковид-19 пауза, во Германија повторно ќе се одржи Саем за автомобили.

Овојпат го носи името IAA Mobility 2021, и наместо во Франкфурт, ќе се одржи во Минхен со времетраење од 07 до 12.09.

Логично, Германските прозводители, на кои Минхен им е домашен терен, се највозбудени и деновиве се трудат да го збогатат автомобилскиот настан со мноштво активности.

Еден од нив е и Mercedes Benz кои на Минхен му подарија една голема џиновска лебдечка арт инсталација, направена од рециклирачки влакна.

Инсталацијата е поставена на Одеонсплац, има димензии 24 со 21 метар и е дело на Американската уметница Џенет Екелман.

Фото – Mercedes Benz

Постојано движечкото уметничко дело ќе биде поставено на плоштадот во Минхен до Октомври.

Луѓето во Мерцедес, ја поистоветуваат инсталацијата со нивната мобилност. Симболизира константна промена – во корелација со природата и природните сили.

А ова е вистински подарок за Минхен, кој и онака важи за град на музеи и колекции.

Фото – Mercedes Benz