01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиМенувањето филтри, никогаш полесно

Менувањето филтри, никогаш полесно

Италијанскиот производител на рачен и пневматски алат – USAG, во својата палета има неколку уникатни производи – кои ги именува како Иконски продукти (Iconic products).

Eден од нив секако е и :

Брзиот одвртувач на филтри за масло

Специјалната алатка има универзална примена и може лесно, едноставно и многу брзо да ги одврти сите филтри за масло кај патничките возила.

Составена е од два дела – пластична рачка и метална овална алка (која наликува на јамка – или ласо).

Кога со алката ќе го уловите (дофатите) филтерот за масло, на сцена стапува вртливиот прекинувач поставен на крајот од пластичната рачка.

Сврете го со врвот на палецот прекинувачот и со тоа ќе го активирате посебниот механизам – со кој јамката околу филтерот автоматски се затегнува.

Кога грипот врз филтерот ќе биде доволно силен, алатката се претвара во ефикасен одвртувач.

Ако не бевме дволно јасни во описот на функцијата, топло ви препорачуваме да го погледнете краткото видео на врвот од постот.

Рачката е долга 160мм, изработена од високоотпорна пластика, со која лесно се пристапува кон филтерот и се штеди многу време.

Универзалниот одвртувач на филтри за масло има капацитет – Ø 66÷105 mm), а достапен е сличен продукт и за комерцијални возила, камиони и автобуси.

Повеќе информации за продуктот, цената и начинот на порачка, можете да најдете на следниот линк.

претходниот член,Нов веб сајт на Continental
Следната статијаНовиот бришач на BOSCH
- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...