Хрватскиот претприемач и иноватор, Мате Римац, имаше ѕвездена година.
Со својата технологија за електрични автомобили, која ја купуваа и користеа најголемите брендови на светот, направи сериозен капитал. Го доби во сопственост и владение и францускиот бренд – Bugatti. Гради неверојатен комплекс во Загреб…
И се чини, дека дојде време малку да се “издува” и да си го направи меракот.

И тоа го направи со својот хиеравтомобил Nevera, кој чини 2 милиони евра. Ја стисна педалата за гас, го извозе надвор од патот, го извалка на своето градилиште и си направи убаво видео и фотогалерија за паметење.
Зошто? Веројатно – затоа што му се може 🙂


