Mаск : Поради Вештачката интелигенција ќе останеме без работа

45

Ексцентричниот претприемач и основач на Tesla, Елон Маск, на конференцијата Виватех во Франција, изјави дека поради вештачката интелигенција која рапидно напредува, сите ќе останеме без работа.

А кога луѓето ќе останат без работа, веројатно ќе се појави проблем околу тоа да се пронајде смисла за егзистенцијата.

Како што вели, претпоставувам дека луѓето и понатаму ќе може да работат, ако сакаат. Но тоа ќе им биде повеќе како некое хоби, бидејќи сите активности околу набавката на роба, материјали и слично, ќе ја вршат роботи.

Реклама