Мало брадесто змејче

38
Фото - (c) Can Stock Photo Inc. / Spanishalex

Малите брадести змејчиња се одличен миленик за вашиот дом. Особено ако наместо куче, мачка или папагал – сакате интересни егзотични миленици.

Брадестите змејчиња се активни преку денот, не растат премногу (максимална должина што може да ја постигнат од главата до крајот на опавчето е околу 50 цм) и се нежни интересни миленичиња.

Што треба да имате за да чувате змејче?

За да чувате брадесто змејче, потребни ви се :

  • Простран аквариум или терариум, во кој змејчето ќе може да ужива
  • Ултра виолетова светилка
  • Дневна светилка и извор на топлина.
  • Плоча за греење која се поставува под аквариумот / терариумот
  • Тацна за храна и вода,
  • Место во кое змејчето ќе може да се сокрие
  • Посебен субстрат за подлога во терариумот (хартија, камчиња за акариум или песок за играње)
  • Камења и парчиња дрво, комбинирани со вештачка трева која ќе му даде доза на природност на живеалиштето на вашето змејче

Со што се храни змејчето?

Во исхраната, змејчињата најчесто користат – инсекти, црвчиња, зеленчук и суплементи кои се додаваат во исхраната. Може да се додаде и замрзнат зрнест зеленчук – грашок, грав, морковчиња кои ќе се додаваат во секојдневната диета.

Змејчињата го сакаат зеленчукот исецкан (големината на парченцата зеленчук зависи од големината на миленичето.)

Се препорачува инсектите (змејчето ќе се храни речиси со секаков инсект и црвче) со кои ќе го храните змејчето, претходно убаво да ги нахраните, за да може хранливите материи подоцна да се пренесат на вашиот миленик.

Хигиена на живеалиштето

Бидејќи змејчињата се миленици кои јадат многу, нормално, тие произведуваат и доста измет. Тој треба да се чисти секојдневно, а најлесен начин за чистење е да користите мрежичка за фаќање риби во аквариум. Од време на време треба да се провери и тацната за храна и вода, а да се чисти и површината на аквариумот/ тераирумот во кој ги чувате.

Ако ви се допаѓаат егзотични миленици, кои се активни во текот на денот, јасно е дека змејчето е одличен избор за Вас. Тоа не бара премногу, а во исхраната можете да користите намирници (зеенчук) од најблиската пилјара, или инсекти кои може да се најдат во вашата градина…