Македонските партнери на LIQUI MOLY, на Октобер Фест во Штутгарт

63

LIQUI MOLY Македонија, новиот ексклузивен дистрибутер на LIQUI MOLY во земјата, заедно со својот принципал, организираше незаборавен награден викенд во Штутгарт за своите најуспешни партнери во 2022 година.

Официјалните претставници на компаниите од Македонија :

  •  Матадор Прилеп
  •  Делта Шоп Кичево
  •  Крис и Том Скопје
  •  Аутофилтер Скопје
  •  Том-Гор Струга
  •  Том-Гор Охрид
  •  Љотич Јуниор Валандово

кои во 2022 година остварија најдобри резултати, заедно со своите регионални колеги од Словенија и Србија присуствуваа на свечениот настан во Германија.

Македонските партнери, дилери и серисери, заедно со официјалните претставници на LIQUI MOLY Македонија, имаа можност да  се дружат, забавуваат и уживаат во динамичниот викенд кој започна со прошетка во лулката на Mercedes-Benz, Штутгарт.

За гостите од регионот беше организирана и свечена вечера на која ги пречекаа, поздравија и им се заблагодарија за соработката, високи претставници на LIQUI MOLY.

Партнерите на LIQUI MOLY следниот ден го започнаа со организирана посета и на Mercedes Benz Музејот, главната атракција на Штутгарт, вистинска ризница на автомобилската историја и традиција на најголемиот луксузен автомобилски бренд на сите времиња.

А како хајлајт на викенд патувањето, уследи и незаборавната вечер и врвната забава на најпопуларниот фестивал на пивото – Октобер Фест во Штутгарт.

Фестивалот во Штутгарт се одржува секоја година, трае три недели, во кои според проценките, проаѓаат околу 4 милиони посетители од целиот свет.

На фестивалот, покрај шаторите во кои се конзумираат најдобрите пива и се ужива најдобрата забава, е издигнат и голем адреналински парк со вртечко тркало, ролеркостери, тобогани, куќи на стравот и реквизити за забава на посетителите од сите возрасти.

Вистинско уживање за нашите патници беше да се почувствува прекрасната атмосфера која ја делеа со локалците облечени во препознатливата традиционална Германска облека, вооружени со позитивно расположение и желба за добра забава.

А за одличната забава до доцна во ноќта се грижеше врвен Германски бенд, кој во организираниот “шатор” во Штутгарт со микс на шлагери и модерна поп и рок музика, ги водеше кон делириум присутните гости од земјата и странство.

По наградното патување, кое долго ќе остане во меморијата на патниците од нашата земја, LIQUI MOLY Македонија уште еднаш им се заблагодари од срце на своите партнери за соработката, довербата и партнерството со желба за брза нова и вети нови вакви и уште поубави настани во иднина.