Mакедонија преплавена со половни автомобили

49

Според последните информации на Македонската Царина, во првите 6 месеци од 2021 година во нашата земја се увезени и оцаринети 18.996 половни (користени) автомобили и 1.401 употребувани товарни возила.

Во истиот период, минатата година, биле увезени само 8.000 користени патнички возила и 821 товарни.

Од друга страна, оваа година се оцаринети само 2.902 нови автомобили (во истиот период минатата пандемиска година – 2.379 возила) и 498 нови товарни возила (минатата година – 300 возила).

Според горенаведените податоци, останува јасно дека македонските возачи и понатаму ги преферираат користените возила, за сметка на новите.