MAHLE ја лансира новата линија на дијагностички инструменти

67

МАHLE ќе ја лансира новата, втора по ред генерација на дијагностички уреди – MAHLE TechPRO® и BRAIN BEE Connex во Април, 2024 година.

Дијагностичкиот уред ќе има целосно редизајниран интерфејс, што треба дијагностиката да ја направи уште полесна за работа.

Куќиштето на уредот е поробусно и поцврсто, што пак, го прави уште посоодветно за употреба во сервисните работилници.

Уредите се компатибилни со MAHLE Cyber Security Pass (MCS Pass), па независните сервиси ќе може без проблем да работат и пристапуваат до податоците за кои е неопходна безбедна патека на поврзување.

Реклама