LM 40, Шампион во својата класа на повеќенаменски подмачкувачи

96

На обемниот тест направен од докажани експерти во магазинот Auto Bild, специјалниот мулти наменски спреј LM 40 беше избран за Шампион – Најдобар во својата класа.

Само два испитани подмачкувачи, ги исполниле ветувањата втиснати на пакувањето, а токму LM 40 Multi-Spray е еден од нив.

Овие повеќенаменски подмачкувачи се исклучително популарни продукти, кои своја примена наоѓаат во возилата, работилниците и домаќинствата. Овие спрејови може да ги примените кога ќе зашкрипи вратата, кога ќе се запечат штрафовите, или кога косилката нема да запали од прва. Различни проблеми, кои бараат исто решение, со универзално средство за подмачкување.

Но… може ли навистина едно средство да ги заврши сите овие задачи?

Стручното жири на најпопуларниот магазин во Германија од автомобилистичката дејност си ја постави задачата да го провери и докаже тоа, во специјално направена лабораторија.

Беа проверувани – инструкциите/разбирливоста/безбедноста, лесноста за работа и компатибилноста на материјалите.

Што, практично се бара од овие подмачкувачи?

Се очекува истите да подмачкуваат, да штитат од абење (трошење). Исто така треба да штитат и од корозија, да можат лесно да продрат во материјалот и да направат ефект на подмачкување и да ја отстранат водата, која подоцна предизвикува рѓа.

Со 127 од можни 160 поени во тестирањето на ефикасноста, LM 40 на LIQUI MOLY oствари најдобри резултати на сите тестирани полиња.

Кога ќе се соберат и поените од останатите точки на проверка, LM 40 освои 170 од можни 205 вкупни поени и со тоа го освои првото мести и стана Шампион во својата класа.

Дополнително, имаше најдобар скор и во односот помеѓу цената и перформансите.

Инаку, LM40 Multi Purpose Spray – подмачкува, чисти, олабавува и штити. Овозможува подвижните делови да се движат мазно. Ги олабавува запечените штрафови. Пенетрира брзо и ги чисти површините од нечистотија и замастеност. Штити од корозија и рѓа и ги чува хромираните делови.

Дополнително :

  • ja подобрува електричната спроводливост,
  • има универзална примена,
  • нема силикон,
  • ги чисти површините,
  • подмачкува и одржува,
  • ја разложува рѓата,
  • минимизира триење и абење,
  • не е агресивно кон пластика, боја, метал или дрво,
  • одлична отпорност на вода,
  • нуди одлична заштита од корозија.

Има одличен дизајн и можност да секористи како спреј / распркувач, но и со посебно цевче да се аплицира и во површини кои се скриени.

Ова се вкупните резултати и оценки за 12-те тестирани производи од оваа класа :

Реклама