05/10/2022
spot_img
домаАвто бизнисLIQUI MOLY - со нов увозник и дистрибутер во Македонија

LIQUI MOLY – со нов увозник и дистрибутер во Македонија

Најпопуларниот бренд на моторни масла, адитиви и козметика за возила од Германија – LIQUI MOLY, во новата 2022 година, назначи нов увозник и дистрибутер на своите производи за Македонскиот пазар.

Се работи за компанијата – “LIQUI MOLY Македонија” од Скопје, која започнува со своите активности во втората половина на месец Јануари.

Првите количини од палетата на LIQUI MOLY се веќе порачани, а интензивно се работи и на градење и реорганизирање на дилерската мрежа во земјата.

Производите на LIQUI MOLY ќе им бидат достапни на фановите и клиентите во сериозно расростанета мрежа на дилери и сервиси во земјата, а наскоро се очекува да почне да функционира и малопродажниот салон во населбата Ѓорче Петров.

Најголемата предност на германскиот бренд, покрај врвниот премиум квалитет и богатата палета на производи за комплетна грижа на сите видови возила (патнички, комерцијални, товарни возила, бродови и моторцикли), е и фактот дека сите продукти се произведени во Германија.

Фабриката на LIQUI MOLY во Сарлуи, Германија

LIQUI MOLY гордо ја носи својата титула Best Brand во својата класа, во изборот на читателите на најпопуларните Германски автомобилистички магазини извонредни 11 години по ред.

Во времето на Корона кризата, LIQUI MOLY беше еден од најагресивните производители од авто индустријата, и наместо да ги намали, неколкукратно ги зголеми своите инвестиции во маркетинг активностите – спонзорирајќи ја Formula 1, спортскиот тим Englster, Германската лига во ракомет, Лигата на шампионите и европското првенство во ракомет, кошаркарскиот клуб Chicago Bulls…

Како резултат на тоа, LIQUI MOLY во 2022 година, која сеуште предизвикува проблеми во авто индустријата, оствари рекордно производство на моторни масла во својата историја.

Новиот дистрибутер ќе биде овластен увозник и за моторните масла од компанијата Meguin (сестринска компанија на LIQUI MOLY).

Повеќе информации и детали за производите на LIQUI MOLY можете да најдете на нивната веб страна на следниот линк.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...