01/10/2022
spot_img
домаАвто бизнисLIQUI MOLY годината ја завршува со рекордно производство на масла

LIQUI MOLY годината ја завршува со рекордно производство на масла

Германскиот производител на моторни масла, адитиви и козметика за возила – LIQUI MOLY, според официјалната компаниска информација, ја завршува годината со рекордно производство.

Рекорд во производството на моторни масла

Оваа 2021 година, иако сериозно обременета со проблемите на Ковид кризата и дополнително оптоварена со турбулентните промени на цените на суровините и транспортните трошоци, LIQUI MOLY ја завршува со произведени 105.000 тони на моторно масло (рекорд во историјата на брендот).

Ваквите резултати претставуваат пораст на производството од 27%.

А ова се навистина врвни резултати, ако се земат предвид проблемите, кризата, недостатокот и сериозниот пораст на цените на суровините и транспортот.

Како што вели Ернс Прост, генералниот директор на LIQUI MOLY, “- Имавме огромни проблеми прво да ги обезбедиме потребните суровини за производство, а потоа и произведените артикли да ги доставиме до нашите купувачи.”

И покрај тоа, компанијата, во времето кога сериозно се зголемува палетата на моторни масла, се воведуваат нови масла за новите возила и се усложнува процесот за нивно производство, успеала да го постигне својот рекорд, должен за секаков респект.

Пораст на производството и на адитиви

И во линијата на производство на адитиви, со 16,3 милиони произведени продукти, остварен е пораст од 14% спредено со минатата година.

Според Ернст Прост, генералниот директор на компанијата, причините за ваквиот успех во тешкиот економски амбиент, треба да се бараат во врвниот тим кој успеал со креативност, импровизација и многу знаење, да ги надмине сите проблеми. Како и во сериозните инвестиции кои LIQUI MOLY со години наназад ги прави во модернизирање на производството и логистичката поддршка.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...