Лента за трчање, опасна по живот

110
Фото - Peloton

Американската компанија Peloton, која доживеа огромен бум во Соединетите Американски Држави по почетокот на пандемијата, бидејќи луѓето за време на карантините интензивно купуваа опрема за занимација и спортување по дома, се соочува со големи проблеми.

Откако беше утврдено дека нивната најнова лента за трчање е одговорна за смртта на едно дете, како и за неколку повреди на повозрасни граѓани, Peloton ги повика сите сопственици на проблематичната фитнес опрема веднаш да престанат да ја користат истата, да ја вратат и добијат целосно рефундирање на парите.

Спорната лента чинеше околу 4.300 американски долари.

По објавената вест вредноста на акциите на компанијата Peloton, на Американската берза падна за 10%.