Лансирана француската црна мачка

32

Францускиот супер автомобил Bugatti La Voiture Noire, се појави во јавноста, две години по официјалното лансирање на концептниот модел на Саемот во Женева во 2019 година.

Потврдено е дека овој спортски ѕвер е веќе продаден за спектакуларни 18,7 милиони евра и сеуште ја држи титулата – најскап автомобил на светот.

Под хаубата на оваа франциска супер мачка, врескаат 1.500 коњски сили.

Според луѓето од Bugatti, изработениот модел има само мали модификации во димензиите споредено со концептниот модел, направени за да може автомобилот да ги исполни техничките и хомологациски стандарди.

Bugatti La Voiture Noire е еден од автомобилите на францускиот производител кои ќе бидат екстремно ретки и ќе се изработуваат еден по еден, а како и кај останатите ултра скапи модели, и во Bugatti информираат дека во првиот квартал од 2021 година се порачани најголем број на возила во историјата на брендот.