Lamborghini не е на продажба и…точка!

22

И покрај сумата од која боли глава, претставниците на Volkswagen и Audi велат дека немаат намера да го продава својот супер бренд на спортски автомобили Lamborghini.

Според информациите објавени на CNN Business, Швајцарската Quantum Group, му понудила на VW сума од 7,5 милијарди евра, но претставникот на Audi, одговорен за менаџирање на Lamborghini, изјавил дека тие не се заинтересирани за продажба на брендот и… точка.

Според магазинот Autocar, инвестициската групација Quantum Group, на почетокот на месецот испратила писмо за намери до VW, во кои ја навеле својата понуда, како и планот за развој на брендот.

Притоа во писмото било наведено дека Групацијата планира да го задржи постоечкиот менаџмент, задржи работните места во следните најмалку пет години и да отвори нови 850 вработувања како и нов иновациски центар со седиште во Германија.