Корисниците бесни на Instagram експериментот

14

Корисниците на Инстаграм се бесни на новината која Мета ја претставува како експеримент и која се вика “Ad break”.

Со оваа пауза за реклама, која моментно е пуштена кај ограничен број на корисници за да се види нивната реакција, дефакто, нема да можете да продолжите да скролате по апликацијата и да ги гледате објавите, се додека не ја изгледате рекламата која согласно алгоритмите излегува на вашиот профил.

Ракциите се едногласни, а корисниците се против оваа алатка со која сметаат дека ќе се прелее чашата.

Според многу коментари, Instagram и онака е пренатрупан со реклами, па уште кога ќе мора и задолжително да ги изгледате (пракса која е подолго време присутна кај корисниците на Youtube без претплата) сигурно ќе се откажат од користењето на оваа социјална мрежа.

Реклама