Статистиката на JATO Dynamics за бројот и моделите на новопродадени возила во Европската Унија во јуни, донесе неколку изненадувања.
Според прибраните податоци вкупно се продадени 1.268.683 нови возила (пораст споредено со минатиот јуни од 13%).
Сепак, бројката на продадени возила е далеку пониска од онаа прокнижена во истиот период во 2019 година кога беа продадени 1,47 милиони нови возила.
Во статистиката, се чини нема изненадувања на врвот.
Со 27.247 продадени единици води Volkswagen Golf.
Но несомнено, изненадувачки се следните две позиции.
На второто место на најпродавани возила е Tesla Model 3 – со 25.697 продадени возила, а трета е Dacia Sandero – со одлични, за многумина неочекувани – 22.764 продадени возила.
Р.бр | Модел | Број на продадени возила |
1 | VW Golf | 27.247 |
2 | Tesla Model 3 | 25.697 |
3 | Dacia Sandero | 22.764 |
4 | Renailt Clio | 22.254 |
5 | Fiat 500 | 22.179 |
6 | Toyota Yaris | 21.698 |
7 | VW T-Roc | 21.576 |
8 | Opel Corsa | 21.124 |
9 | Renault Captur | 20.168 |
10 | VW Polo | 18.789 |
Интересно е што во листата на Топ 10, од засилената групација на PSA немаше место за моделите на Peugeot и Citroen, а на врвот се најдоа Fiat 500 и Opel Corsa.