
Германскиот стратег Јирген Клоп, со својата посветеност, емотивност, беспоштедна работа… го направи она што многумина сметаа дека е невозможно.
Во перфектно изиграна сезона му ја врати титулата на Ливерпул во Англиската Премиер Лига, а тоа се случи 5 години по превземањето на кормилото во Англискиот клуб.
Во една прилика, како главна вест на неколку портали, беше анализиран возниот парк на ѕвездите на Ливерпул. Додека фудбалерите на градот на Битлси доаѓаа на тренинг со своите скапоцени играчки од неколку стотици илјади евра, Клоп пристигна со својата Insignia.

И тоа можеби и не би требало да изненадува, ако се земе предвид фактот дека Јирген Клоп е амбасадор на брендот OPEL од 2012 година. Година во која го предводеше тимот на Борусија Дортмунд и водеше жестока битка во германското првенство со милионерите од Баерн Минхен.
Во изјава дадена непосредно по освојувањето на титулата Микаел Лохшелер, директорот на Opel изјави – “Честитки за Јирген, неговиот комплетен тренерски тим, фановите – всушност до сите кои се инволвирани во Ливерпул. Ние во Opel добро знаеме што значи да направите враќање по толку долго време и се надеваме дека сите оние кои се блиски до Ливерпул уживаат во тоа.” За Клоп, надополни – “Jирген е чесен, вреден, емотивен и успешен човек од доверба. Во исто време, ги задржа двете нозе цврсто на земјата. Во кратки црти : не можевме да побараме подобар Бренд Амбасадор. И Јирген, ние секако верувамe!”