Кинески Cherry ќе гради фабрика во Италија?

15

Според последните информации, Италијанската влада сериозно преговара со Кинескиот производител Chery за отварање на нова, втора фабрика за производство на автомобили (покрај постоечкиот Stellantis).

Сеуште нема детали од преговорите и не се знае дали Chery ја разгледува опцијата да обнови постоечка фабрика или да гради сосема нова.

Според информациите, Италијанската влада сака да го зголеми производството на автомобили во домашната економија на 1.300.000 автомобили.

Во 2023 година, вкупно беа произведени 800.000 автомобили во групaцијата Stellantis. Oд итлијанскиот производител се бара да го зголеми аутпутот на 1 милион произведени единици, а според извештаите, преостанатите 300.000 возила би требало да ги произведува Chery.

Оддруга страна, Кинескиот производител како сериозна опција за градење на сопствена фабрика во Европа, покрај Италија ја разгледува и Шпанија.

Реклама