01/10/2022
spot_img
домаТоп вестиKина најголем загадувач во светот

Kина најголем загадувач во светот

Емисијата на CO2 во атмосферата, е без конкуренција, најголема во Кина.

Според последната анализа на Родиум Груп, Кина во атмосферата во 2019 година ослободила околу 14 гигатони јаглерод диоксид, што ја става на првото место одговорна за околу 27% од вкупното загадување.

На второто место е САД со 11% од глобалното загадување, Индија 6,6% и Европската Унија со 6,4%.

Ако се анализираат овие податоци по глава на жител, имајќи предвид дека во Кина живеат околу 1,6 милијарди луѓе, најголем загадувач (пер капита) сеуште се САД…

Но она што во извештајот загрижува е дека во последните 30 години загадувањето во Кина е зголемено за три пати, што значи дека најверојатно овој тренд ќе продолжи и понатаму.

Големото загадување на атмосферата со CO2 предизвикува сериозни климатски промени во светот, па токму тоа е и една од причините поради кои и Елон Маск, неодамна започна награден циклус во кој вети 100 милиони долари за иноваторите кои ќе најдат ефикасен и одржлив систем на отстранување на CO2 во атмосферата, кој еднаш испуштен во воздухот може да се задржи таму стотици години.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...