Kaучот не убива?

54

Како да не беа доволни хорорите со кои секојдневно живееме, угледното списание Environmental International, објави дека омилените парчиња мебел за време на пандемиските локдауни – каучите во дневната соба кои се обложени со текстил имаат потенцијал сериозно да го загрозат нашето здравје.

Како резултат на посебни хемикалии кои се користат во производство на плетениот текстил со кој се обложени перниците на каучот, а кои имаат антизапалливи својства, кај луѓето може да се развијат ни помалку ни повеќе, рак и дефекти при породување.

Старите каучи, испуштаат прашина и честици кои паѓаат на подот, а потоа можат да предизвикаат сериозни заболувања.

Зошто тогаш се користат?

Основната цел била да се намали бројот на пожари, а материите употребени за ова антизапалливо својство, дури сега, 50 години по имплементацијата се хемиски истражени и означени како опасни…