Kaтастрофална сезона за винариите во Франција

62
Фото - Freepik

Вистинска трагедија!

Вака ја опишуваа состојбата винариите и одгледувачите на грозје (лозарите), по катастрофалната временска непогода (слана) што ја погоди Франција на почетокот на месец април.

Првичните проценки велеа дека замрзнатите лозја ќе предизвикаат намалување на родот од 25 до 50% во одредени области во Франција.

Производителите правеа напор да ја затоплат температурата во атмосферата палејќи свеќи, но тешко дека тоа ќе ја спаси ситуацијата.

Во одредени области постои опасност дека сланата ќе го уништи целиот род, а ваква ситуација не е видена од далечната 1991 година.

Лозарите загрижени. Фото – Freepik

Се огласи и Макрон, кој во овие тешки моменти за лозарите и винопроизводителите, изјави дека Француската држава силно ќе застане зад нив и ќе им помогне да ја пребродат и оваа сериозна криза, која се надодаде на пандемијата со огромни последици по финансиските резултати на производителите на вино.