Како се прави Ferrari 250 GTO од дрво

Реклама

Виетнамски YouTube-р Труонг Ван Џао, го постираше на интернет своето видео, во кое го презентира целиот процес на изработка на легендарниот Ferrari 250 GTO, кој на аукции може да достигне цена и до 48,4 милиони долари.

Секако, се работи за реплика, изработена од дрво.

Но, дрвениот спортски Ferrari не е наменет само за украс, туку истиот и се движи.

Во видеото е детално прикажан целиот процес, кој трае околу 70 дена.

За да може да се движи, рачно изработениот модел не е само од дрво, туку има и метална шасија на која се поставени гуми, а за движењето одговорен е едноставен погон на батерии.

Ако ви е интересна оваа приказна, задолжителн погледнете го видеото