Денес, на новинарскиот ден официјално започна новиот саем за автомобили во Минхен, кој од утре станува достапен на широката автомобилистичка јавност.
Промена, која допрва треба да покаже дали новата локација (традиционално, саемот за автомобили во ова време се одржуваше во Франкфурт) ќе донесе нови и позитивни ветришта во Европската автомобилска индустрија.
На домашен терен, се чини највеќе се трудат домашните, Германски брендови.
Меѓу нив, секако и Mercedes-Benz.

Централната порака која брендот ја испраќа со својот штанд и своите нови автомобили е – “Lead in Electric” што значи дека германскиот производител на премиум автомобили сака да ја води трката во Електрификацијата.
Притоа 7 од 10 модели кои ќе бидат презентирани на Саемот се целосно електрични.

Јасно, саемите и понатаму остануваат главното место за интеракција со публиката, при што од Мерцедес изјавуваат дека во период од две недели во 2019 година на штандот поминале дури 561.000 луѓе.
На посетителите ќе им бидат достапни и 40 возила на електричен погон, кои ќе може да се возат и пробаат додека трае саемската презентација.