30/09/2022
spot_img
домаМагазинКако изгледа новиот резорт во Црна Гора

Како изгледа новиот резорт во Црна Гора

Новиот резорт за кој се зборува во регионот и надвор од него го носи името One&Only Portonovi.

Лоциран е на брегот на Јадранското Море, во Црна Гора и на 1 Мај, оваа година ги отвори своите врати за туристите.

Се работи за луксузен резорт, со 111 соби, апартмани и вили, кои се креирани во венецијански стил. Резортот има сопствена плажа, врвен спа центар и шеф на кујната кој има ѕвездички на Michelin.

Самиот резорт е дел од една поголема Портонови приказна, која опфаќа и нов хелиодром, како и нова марина за јахти која беше изградена во областа.

Повеќето апартмани имаат луксузен ентериер, сопствен камин, прекрасна тераса со поглед кон морето, а во резортот има одлично дизајнирани градини и надворешни базени.

Главниот ресторан нуди мени со влијание на Јужно Италијанската кујна, а во резортот се сместени и неколку други ресторани, со Азиска тапас храна во која се служи и саке, се пушта музика со ди џеи во живо, има неколку места за подготвување на храна на лице место, како и неизоставен коктел бар за врвно и луксузно уживање.

Спа центарот е вистинскиот епицентар за уживање и релаксација. Во него има внатрешни базени, хамам, места за хидротерапија, салон за убавина. А во соработка со Швајцарските експерти се нуди комбинација на модерни и кинески терапии за релаксирање и медицински масажи и интервенции.

Неизоставен дел од резортот е тениското игралиште, а за гостите се нудат и голем број на активности – возење со брз брод, јахти, крстарења по Јадранското море, прошетки во околината и во соседното Хрватско приморје.

Цената на сместувањето започнува од 595 евра.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...