01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиKако да се заштитите од кражба на автомобилот?

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку интересни заклучоци :

  • 72% oд украдените автомобили, никогаш не се враќаат кај сопствениците,
  • 85% од кражбите на автомобили се случуваат ноќе, а 39% од кражбите се случиле пред домот на сопствениците на автомобилите,
  • 44% од кражбите се случиле како резултат на отворање отклучени врати,
  • 36% од кражбите се направени преку манипулација на сигналот за далечинско отклучување,
  • 37% од украдените возила се постари од една а помлади од 5 години.

Најчести методи на кражби на возилата

Податоците уште велат дека најчест метод на кражба на модерните автомобили е со т.н. релејен напад (напад со електронскиот прекинувач).

Како се спроведува тој релејен напад?

За овој тип на кражба, најчесто се потребни двајца извршители. Едниот од разбојниците стои пред вратата на автомобилот со посебен уред кој го засилува безбедносниот сигнал кој го емитува автомобилот.

Другиот разбојник, се приближува до домот на сопственикот. Тој има уште една направа која се спарува со клучот на сопственикот (оставен на некоја локација во домот). Веднаш по спарувањето на направата со клучот, се праќа лажен сигнал до автомобилот, по што вториот разбојник, ја отвара вратата и го стартува моторот.

Фото – Unspash

Токму затоа, според статистичките податоци, најголем е бројот на автомобили кои се крадат пред домот на нивните сопственици и кои во суштина вршат компромитирање на електронските системи на автомобилите.

Да биде трагедијата уште поголема, најголемиот број од уредите кои се користат при кражби, може да се најдат и набават и онлајн.

Како да се заштитите од кражба?

Идеална и 100%-на заштита од кражби не постои.

Но секако, постојат одредени совети, со кои ќе го намалите ризикот од тоа, токму вашиот автомобил да биде дел од ова модерно разбојништво, кај кое автомобилите најчесто завршуваат во странство или во локални сервисни работилници во кои се растураат за резервни делови.

Ќе ви посочиме само неколку :

  • Возилото паркирајте го на добро осветлено место
  • Имајќи предвид дека најголемиот број кражби се случуваат со релејниот напад, ако е тоа можно, исклучете го системот за влегување во автомобилот без клуч. Ако не можете да го исклучите, проверете дали на вашиот автомобил можеби му треба софтверски апдејт со кој ваа функција станува достапна.
  • Чувајте го дома клучот во кутија обложена со метална фолија (што ќе ги спречи сигналните манипулации).
  • Прилагодете го вашиот алармен систем на возилото да може да прифаќа само два клуча.
  • Искористете некој од механичките уреди за заклучување на менувачот или на воланот (управувачкото тркало).

Помалку софистицирани методи

Не заборавајте…

Постојат и многу други, помалку софистицирани методи со кои криминалците може да ви го украдат автомобилот.

Може да ви го украдат клучот, поради што треба да бидете особено внимателни каде го чувате и оставате клучот.

Исто така, чести се кражбите и на места на кои има голема фреквенција на луѓе. па сметате дека безбедноста и присуството на камери би ги застрашило криминалците.

Затоа при застанување на бензински пумпи, ресторани, големи паркинзи, трафики, сендвичари или продавници.. секогаш заклучете го вашето возило кога излегувате од него, дури и кога е тоа “за секунда”.

Многу се чести директните напади на сопствениците (кога се паркирате или влегувате во автомобилот). Може да ви се заканат со физички напад или со ладно па и огнено оружје… Ова најчесто е планирана акција, во која сте пикирани и разбојниците ќе ве почекаат да се вратите за да ве нападнат. Затоа експертите препорачуваат ако живеете во зграда и немате сопствена гаража, да се паркирате на различни места.

Фото – Unsplash

А во последно време се почести се и ситуациите кога вашата желба да помогнете (расипан автомобил на патот со крената хауба, на чиј сопственик сакате да му помогнете може многу да ве чини). Во вакви ситуации, фокусирани на обидот да му помогнете на возачот во неволја, најчесто нема да го забележите неговиот соработник во криминалот кој ќе упадне во вашиот отворен автомобил со клуч во бравата ситуација идеална за кражба на автомобилот или на вредните работи во него (паричник, торба, лап топ, документи…)

Разбојниците користат и други методи, како што се – свирење и светкање со фаровите за да ве убедат да запрете на патот, што најверојатно ќе го направите затоа што мислите дека нешто не е во ред со вашето возило или некому му е потребна помош…

Неодамна се прошири и урбана легенда, според која разбојници во големите паркинзи на големите трговски центри, на своите избрани жртви на предниот бришач им оставаат банкнота од 50 евра.

Сопствениците влегуваат во автомобилот и кога ќе седнат и стават клучот во позиција за стартување на моторот ја забележуваат банкнотата. Кога ќе излезат да ја земат, оставајќи ја отворена вратата на автомобилот со клучот внатре, влетуваат криминалците кои потоа заминуваат во непознат правец со автомобилот.

Поинакви методи за заштита

Ако е возилото што го поседувате ново, нашиот совет е да го осигурате каско, со полиса што вклучува и надомест на штетата во случај на кражба.

Не го гледајте тоа како трошок… Замислете само колкав ќе биде вашиот трошок ако купите ново возило, кое едно утро, нема да го најдете онаму каде што сте го паркирале.

Ќе дојде моментот, кога и на нашиот пазар ќе се појават компании кои за поскромни месечни надоместоци ќе ви понудат – уред со предупредувачки сигнали и GPS следење на возилото, кое повторно, не е идеална заштита, но е дел од мерките со кои се намалува ризикот.

Оваа услуга, која засега главно ја користат компаниите, веројатно ќе стане дел од услугата која ќе ја калкулираат и нудат во пакет (затоа што е во нивни интерес) и лизинг компаниите, па и осигурителните компании (како дел од каско полисите за осигурување).

На крајот, уште еднаш ќе повториме дека не постои идеална заштита од кражба.

Но, топло ви препорачуваме да превземете дел од наведените мерки на превенција. Со нив ќе го намалите ризикот од кражба, штета, загубени пари, екстремно стресни ситуации…

На крајот на краиштата, нема ништо лошо во тоа да бидете за нијанса повеќе свесни и внимателни… Нели?

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...

Голема заштеда со Autodata

0
Autodata е најпознатата и најкомплетна база на технички податоци за независни сервисери и механичари. Верзијата на AUTODATA која на пазарот во Македонија ја донесе ГББ...