IWC и Mercedes-AMG со нов часовник

143

Во светот на часовникарството, можете да најдете многу успешни партнерства на врвните фабрики за изработка на спортски часовници со врвните фабрики за производство на спортски автомобили.

Едно од тие партнерства кое функционира од далечната 2004 година е партнерството помеѓу IWC и Мercedes-AMG, подбрендот на Mercedes-Benz.

Најновиот производ на партнерството помеѓу часовникарот IWC и Mercedes-AMG, е спортскиот часовник Pilot Chronograph Edition AMG.

Ова е првиот кобрендиран часовник кој содржи IWC caliber 69385, хронограф со автоматско движење и автономија од 46 часа.

“Нашето 17 годишно партнерство со Mercedes-AMG е многу природно.” вели извршниот директор на IWC, Christophe Grainger-Herr. “Mercedes-AMG e на само еден час возење од нашата фабрика.”

Часовникот е сместен во титаниумско куќиште, а сивата боја моментно е во тренд, и кај автомобилите и во домашното уредување. Таа е боја на 2021 година.

Куќиштето е со дијаметар од 43 мм и дебелина од 14,9 мм.

Цената на овој атрактивен спортски автоматик изнесува 9.100 долари.