Италијанските власти бесни на Stellantis

76

Групацијата Stellantis,која настана со спојување на PSA Групацијата и FIAT, неодамна го најави почетокот на производството на својот нов модел, малиот компактен SUV – Alfa Romeo Milano.

Токму оваа најава предизвика огромни и бесни реакции на јавноста и на властите во Италија.

Зошто е тоа така?

Затоа што за да заштеди околу 10.000 евра во трошоците на производство, наместо во Италија, Stellantis својот нов автомобил ќе го произведува во фабриката во Tиши, Полска!

Министерот за индустрија во Италијанската Влада, Адолфо Урсо, изјави дека со електричниот автомобил Milano, Stellantis го крши законот во Италија.

Според него, не смее автомобил кој е произведен во Полска да го носи името на Италијански град. Тоа е, според важечките закони забрането во Италија и се смета за погрешно наведување (некој вид на измама) на клиентите.

Останува да ја почекаме реакцијата на Stellantis и да видиме дали ќе се смени одлуката овој автомобил да се конструира во фабриката во Полска во која веќе се произведуваат Јееp Avenger и Fiat 600, или да се смени името на новиот автомобил од линијата на Alfa Romeo.

Реклама