Италија се обидува да ги спаси Ferrari и Lamborghini од законот на ЕУ

34

Европската Унија донесе закон со кој до 2035 година треба официјално да запре производството на автомобили кои користат мотори со внатрешно соговорување (бензин и дизел гориво).

Последните информации велат дека Италијанската влада се обидува и лобира од овој закон да бидат изземени суперспортските автомобили Ferrari и Lamborghini бидејќи укинувањето на конвенционалните мотори за нив може да претставува вистинска финансиска катастрофа.

Министерот за еколошка трансформација на Италија, кој е и претходен член на бордот на Ferrari потврдил за Блумберг дека се во тек преговори со кои се настојува да се обезбеди изземање од овој закон на неколку луксузни марки.

Логиката на ова барање се состои во фактот дека овие премиум производители создаваат мал број на возила на годишно ниво, па трансформацијата од конвенционални на електрични мотори за нив ќе биде многу скапа и под закана на одржливата профитабилност.

Останува да видиме каков ќе биде исходот во овие лобирања врз Европската администрација, но логично е да се очекува дека ако оваа можност им се даде на Италијанските супербрендови, истото ќе го побараат и други премиум марки и брендови.