Интересни случувања на Европскиот авто пазар

80

Jato Dynamics ги објави бројките за продадени и регистрирани возила во Европа, во Септември 2021 година.

Неколку детали се издвојуваат како исклучително важни.

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla, со својот Model 3, за прв пат успеа да се најде на врвот на табелата со вкупно продадени 24.591 возила, а со тоа од врвот на табелата го симна VW Golf.

Пазарот за нови автомобили, како резултат на недостатокот на чипови, падна за 25% на вкупно регистрирани 964,800 возила.

Според Jato Dynamics, клиентите не сакаат да чекаат на ново возило за една година, па затоа се вртат кон пазарот на користени автомобили.

Од друга страна, продолжува растот на продажбата на електрични возила во кои Tesla има маркет шер од 24%, Volkswagen Group освои 22%, Stellantis има 13% шер и Hyundai-Kia речиси 11%

Вака изгледа листата – Топ 10, на најпродавани автомобили во Европа:

Р.брМоделБрој на продадени возила
1Tesla Model 3 24.591
2Renailt Clio 18.264
3Dacia Sandero17.988
4Volkswagen Golf17.507
5Fiat 50016.349
6Opel Corsa 15.509
7Peugeot 200814.931
8Hyundai Tucson14.088
9Peugeot 20813.895
10Renault Captur13.715

Интересен е и податокот кој јасно зборува за трендот – забележан е пораст на регистрираните возила на електричен погон за 44% на вкупно 221,500 возила, за сметка на дизелите кои се во слободен пад од 51% на 167,000 возила.