Џиновските екрани, ќе бидат забранети

62

Последните десетина години, голем број на производители на возила во своите нови автомобили вградуваат големи екрани чувствителни на допир, истовремено отстранувајќи ги традиционалните копчиња и тркалца на инструмент таблата.

Според луѓето од EuroNcap, големите екрани се директно виновни за голем број на сообраќајни незгоди во светот, бидејќи им го одземаат вниманието и намалуваат можноста за реакција во случај на опасност.

Како резултат на тоа, во 2026 година ќе се донесе правило со кое на возилата кои одат на тестирање на безбедноста EuroNcap ќе им бидат намалени поени за безбедност ако истите поседуваат големи тач скрин дисплеи. Ваквата пак промена се очекува да направи сериозен рикверц во авто индустријата и да ги натера производителите на возила, кои сериозно се борат за максимални ѕвездички на краш тестот, да ги намалат или исфрлат екраните чувствителни на допир.

Во BMW очекуваат дека за десетина години. џиновските екрани воопшто нема да се вградуваат во возилата.

Реклама