Со масивни 10 милијарди долари инвестиција, Кинескиот технолошки џин Xiaomi, планира да отвори компанија која ќе произведува и продава електрични возила.
Со тоа Кинеските производители на мобилни смарт телефони (трети по големина, веднаш по Apple и Samsung) планираат да го диверзифицираат своето портфолио и да го искористат моменталниот тренд во растечката индустрија со високи добивки.
Впрочем, во овој бизнис веќе влегуваат компаниите Apple и Huawei.
За почеток, компанијата ќе инвестира 1,5 милијарди долари и ќе отвори компанија ќерка, која ќе ги произведува автомобилите во фабриките на Great Wall.