И Volkswagen промовира електромобилност

33

Германскиот бренд Volkswagen на Саемот за автомобили во Минхен IAA MOBILITY 2021 се придружи на трендот и на јавноста и претстави модел поврзан со електромобилноста.

Се работи за компактниот кросовер со работно име ID.Life.

Koнцептот е дел од стратегијата ACCELERATE на Volkswagen, со кој електромобилноста ќе им стане достапна на што е можно повеќе луѓе. Малиот градски автомобил ќе биде лансиран околу 2025 година и ќе чини околу 20.000 евра.

Концептот ID. LIFE претставува визија за тоа како идните автомобили ќе изгледаат.

Комплетно електрични, целосно дигитализирани и поврзани, со моќ на моментна трансформација од превозно средство во мини кино или гејминг центар.

ID. LIFE ќе биде опремен со мотор од 172 kw (234 ks) и од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 6,9 секунди.