И Њујорк најави забрана за возила на бензин и дизел од 2035 година

68

Градските власти на Њујорк го донесоа најагресивниот закон досега, за намалување на загадувањето на воздухот и активно се вклучија во светското движење за ублажување на ефектите од климатските промени.

Оваа одлука ја донесе првиот гувернер, жена, на Њујорк, Кејти Хочул, која го потпиша законот со кој од 2035 година се забранува продажбата на возила со мотор на внатрешно согорување.

Тоа значи дека од фамозната 2035 година, во Њујорк може да се продаваат само патнички возила и лесни камионети движени на струја (батерии), плаг ин хибриди или електрични возила на хидрогенски (водородни) ќелии.

Законот предвидува десет години по денот “Д” и товарните возила – комерцијални возила и камиони да бидат со нулта загадување на воздухот.

Ваквите потези се дел од глобалната стратегија на САД со која е планирано загадувањето на воздухот да се намали за 85% до 2050 година, како и со планот на Бајден кој сака до 2030 година да обезбеди учество на електричните автомобили во вкупната американска флота од 50%.