Фабриката која сите добро ја знаеме по паметните телефони, и официјално влегува во авто индустријата.
Првиот автомобил на кинескиот гигант, кој беше претставен на авто салонот во Шангај го носи името SF5.

Се работи за хибриден кросовер, кај кој бензинскиот мотор служи само како генератор на струја со кој ќе се полнат батериите и зголемува автономијата на возење.

Овој автомобил ќе се продава засега само на кинескиот пазар, под брендот Seres и по цена од околу 27.000 евра.
Како и што може да се очекува од компанијата која е технолошки џин, внатрешноста е комплетно дигитализирана, со огромен централно поставен екран чувствителен на допир на кој се поставени командите на возилото.

Погонскиот систем е составен од два електромотори со вкупна моќност од 551 кс.