Хрватскиот RIMAC со 1.914 коњски сили

49

Хрватскиот RIMAC, го претстави својот нов хиперкар Nevera, целосно електричен автомобил со футуристички дизајн и моќност од 1.914 коњски сили.

Од 0 до 100 km/h новиот европски болид ќе забрзува за 1,85 секунди, а според производителот, максималната брзина на моделот со 4 магнетни мотори е 412 km/h.

Батеријата од 120 kWh е составен дел на структурата на автомобилот и има водено ладење, а сеуште не е објавена брзината на полнење на батеријата.

Nevera тежи 2.150 кг, а ќе се продава за околу 2 милиони евра.

Вкупно е предвидена производство и продажба на сам 150 примероци.