Холандскиот премиер се извини за историската улога во трговијата со робови

37
Den Haag, 19-12-2022 Toespraak minister-president Rutte naar aanleiding van kabinetsreactie slavernijverleden. Foto Martijn Beekman / RVD

Холандскиот премиер Марк Руте, се извини на сите жртви, нивните роднини и наследници за историската улога на Холандија во трговијата со робови.

Иако луѓето кои учествувале во историската неправда на човештвото, веќе не се живи, Руте изјави дека чувствува обврска во име на Холандската држава да се извини пред човештвото за овој грозоморен чин, кој мора да се именува како криминал потив човештвото.

Приказните од тоа време кои излегуваат од милионите книги во Националната архива, се честопати тешки, болни и засрамувачки.

Не можете да избегате од некои факти, продолжува во излагањето Руте. Како што е фактот дека до 1814 година, повеќе од 600.000 деца, жени и мажи биле испорачани во Америка, во грозни услови, како стока, од страна на Холандските трговци со робови…

Во Азија, меѓу 650.000 и еден милион луѓе биле превезени преку Dutch West India Company.

Луѓето биле продавани, разменувани, тргувани во име на Холандската држава.

Денес, се извинувам за сите овие неправди.

Според историчарите и економистите, робовладетелството во Холандија учествувало со околу 10% во бруто општествениот производ на Холандија.