Haynes Pro. Софтверско решение за секој сервис

78

HaynesPro е најдобрата софтверска алатка за независните сервисни работилници, во која можете да најдете милиони технички податоци и информации за најголемиот дел на возила на европскиот и светски пазар.

HaynesPro има огромно искуство (историја од 25 години) и поседува неколку врвни апликации со кои директно им помага на компаниите од автомобилскиот афтермаркет (сервиси, продавници за делови и компоненти, авто експерти)

Во онлајн апликацијата на HaynesPro, која секојдневно се апдејтира и ги содржи најновите инфоромации, можете да најдете технички информации, сервисни планови, информации за работното време, цртежи, упатства и прирачници за многу операции, електрични шеми… А со специјалниот “мудар” модул (VESA) со едноставно внесување на кодот на грешка, можете да добиете информации но и упатства за проблемот во возилото и начинот на кој можете истиот да го решите.

На тој начин со Haynes Pro Workshop Data ќе заштедите многу време и пари, но и ќе го зголемите задоволството на клиентите бидејќи брзо ќе го утврдите проблемот и ќе го отстраните истиот – од прва!

Податоци од производителите

Со софтверските решенија на HaynesPro независните сервисери и сервисни работилници добиваат пристап до податоци, кои се неопходни во процесот на одржување и сервисирање на патнички возила, лесни комерцијални возила и камиони.

Со лиценцата добивате илјадници технички информации, цртежи, прирачници, технички билтени, податоци од отповикувањата на возилата (recall-ови).

Притоа податоците се прибираат директно од производителите на возилата, поради што се точни, прецизни, секогаш апдејтирани и систематизирани во едно софтверско решение кое е онлајн.

За користење на софтверот неопходен ви е компјутер (или таблет), интернет и активен профил (username и password) обезбедени во Ауто Тренд.

Haynes Pro е одлично решение кое може да се користи и во продажбата и дистрибуцијата на резервните делови.

Со претплата на HaynesPro – добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението.

Софтверот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.

Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.

Повеќе за опциите и можностите на софтверот Haynes Pro – можете да најдете во Ауто Тренд.