Во ерата на големата револуција на е-трговијата, најмоќниот интернет пребарувач Google отвара нова физичка продавница во Њујорк.
Во продавницата, клиентите ќе може да ги купат производите и услугите на Google.
Во продавницата, покрај другото, клиентите ќе може да ги купат Pixel телефоните, Nest производите, Fitbit уредите.
Покрај директното купување на производите кои се на располагање, во продавницата на Google клиентите, ако сакаат, ќе може да си ги подигнат сами производите кои ги порачале онлајн.
Притоа, се најавува дека во продавницата ќе се практикуваат сериозни правила за заштита од Ковид-19, често дезинфицирање на продавницата, задолжително носење маски, ограничен број на клиенти во продавницата…