Возилата на електричен погон доживуваат вистинска експлозија на европскиот и светски пазар.
Во тој контекст глобалниот производител на пневматици GoodYear лансираше и специјални заменски пневматици, наменети специјално за електричните возила на Американскиот пазар.
Гумите го носат името – ElectricDrive GT. Имаат ултра високи перформанси, наменети се за сите сезони и испорачуваат долг животен век.
Максимално внимание е посветено и на бучавоста. Имајќи предвид дека електричните мотори се тивки, такви се и новите пневматици на GoodYear.
Засега ќе бидат пласирани само со димензијата 255/45R19 104W XL, која е популарна кај овој вид на возила.