Голема заштеда со Autodata

598

Autodata е најпознатата и најкомплетна база на технички податоци за независни сервисери и механичари.

Верзијата на AUTODATA која на пазарот во Македонија ја донесе ГББ дооел Скопје е многу практична и лесна за користење. Датабазата е – online.

Повеќе нема долги и комплицирани инсталации, пиратски це-диња и зафаќање на голема меморија од вашиот хард диск која ги успорува останатите операции.

Се што Ви треба е : компјутер, интернет и корисничко име и лозинка (кои можете да ги добиете откако ќе го платите претплатничкиот пакет во ГББ).

А претплатничките пакети – зависат од неколку фактори.

Цени на претплатничките пакети

Прво, висината на цената зависи од тоа дали го избирате основниот модул – Сервис и одржување (годишната претплата изнесува 408 евра + ддв) или модулот – Дијагностика и поправки (во кој се вметнати мрежите, дијаграми и најчести дијагностички кодови и грешки) со цена од 732 евра + ддв.

И второ, цената зависи од бројот на корисници кои ќе ја користат Autodata во вашиот сервис.

Се согласуваме дека овие суми, во денешно време и не се така мали.

Но, ако го погледнете бенефитот од програмата, сигурно ќе ви биде јасно зошто насловот гласи – Голема заштеда со Autodata.

На сервисерите им се неопходни информации, совети и насоки

Ако сакате да ги одржувате и сервисирате новите возила, набилдани со напредна технологија, опрема, електроника и сензори морате да имате база на податоци и информации – која ќе ви помогне во процесот, ќе ве насочи, даде совети и информации.

Ако ги немате овие информации, едноставно не можете да работите на овие нови, софистицирани возила кои може да ја побараат услугата на Вашиот сервис. А тоа е секако, директна загуба за вашата фирма.

Овој проблем можете да го решите, ако ги купите т.н. TIS (Technical Information Systems) од овластените дистрибутери на возила во земјата.

Под услов да се согласат да ви продадат пристап до базата на податоци за сервисирање – производителите истата ќе ви ја наплатат најмалку 2.000 евра на годишно ниво (во одредени случаи и повеќе).

И ако сакате вашиот сервис да го опремите само со 10 вакви софтверски пакети… бидејќи најчесто ви доаѓаат возила од тие 10 марки… Сумата доаѓа до фрапантни – 20.000 евра!

Во споредба со ова, оние 732 евра – веќе не се сериозни… нели?

И дополнително, имајте предвид дека во Autodata добивате податоци за 142 производители на возила!

И дека во програмата (за разлика од пиратските копии) се прават апдејти – речиси секој ден.

Аutodata ќе ви заштеди многу време (а со тоа и пари)

Ако цената на работниот час во вашиот сервис чини 1.000 денари… Колку денари (потрошени часови) може да ви скрати – комплетната база на податоци во која ќе најдете најголем дел од информациите кои ви се потребни?

  • Сервисни интервали
  • Вид и количина на моторно масло и други течности
  • Работни часови за секоја сервисна операција
  • Брз калкулатор со кој за 2 минути можете на клиентот да му изготвите понуда
  • Процедури и постапки на сервисирање
  • Точна локација на секој дел во возилото
  • Разработени шеми и дијаграми
  • Информации за најчестите дефекти кај соодветните возила и постапката како да ги отстраните…

Аutodata ќе ви помогне да изградите подобар имиџ

Во светот во кој клиентите се внимателни, сомничави во се’ и секого, “изгорени” претходно на илјадници начини. Секако ќе ви помогне – да им презентирате дека вашата работа е координирана според највисоките стандарди, на најреномираниот провајдер на технички информации од Англија – Autodata.

А тоа… Ќе ви помогне, за некој благ процент да ја зголемите и цената на Вашата услуга… нели?

A благото зголемување на цената – ви дава можност да ја отплатите програмата и да прокнижите сериозни заштеди на вашето конто.

За ова благо зголемување на цената на услугата, нема никој да ви замери – ако оставите позитивен впечаток, ако ја испринтате понудата од системот на Autodata, ако му презентирате на клиентот зошто сте наплатиле 1,2 работни часа за сите операции на одржување и сервисирање на неговото возило.

Ако ги соберете сите погоре посочени фактори, јасно е дека Autodata е инвестиција (не трошок) која сериозно ќе ви помогне да заштедите време и пари, како и да се осмелите да ги поправате возилата, кои вашие конкуренти не можат да ги сервисираат.