Германската десница и понатаму шокира

14

Главниот кандидат на Германската десничарска партија Alternative für Deutschland (AfD), Максимилиан Крах, минатата недела во интервју за Италијанскиот весник La Repubblica изјавил дека не треба сите членови на SS Нацистичката единица, по автоматизам да бидат третирани како криминалци.

Логично, ваквата изјава за најозлогласената единица од Втората светска војна, која главно била задолжена за масовните убиства во концентрационите логори, одекна силно во Европа и беше веднаш прогласена за шокантна!

Крах подоцна се вадеше дека бил изваден од контекст, а потенцирањето на оваа реченица било свесно направено за да се наштети на неговата партија.

Со реакција веднаш се јавија и од Француската десничарска партија, која ја осуди изјавата како крајно неприфатлива. Дополнително, Марин Ле Пен, изјави дека по изборите во Еропарламентот, воопшто не сака да биде во иста парламентарна група заедно со AfD, која е очигледно киднапирана од нејзините најрадикални елементи.

Како резултат на големиот јавен притисок по скандалот што гопредизвика изјавата, Крах реши да се повлече од лидерската улога во AfD.

На овие избори се очекува европската десница да освои најголема победа и да го зголеми бројот на европарламентарци од 59 на околу 85.

Реклама