Според последните информации Германските производители на автомобили по сериозната криза предизвикана од Ковид 19 пандемијата, полека се враќаат во нормала.
Во април, искористеноста на производните капацитети се издигнала на високи 91,1 отсто, споредено со 84,2% во јануари оваа година.
Причината за намалениот производствен капацитет на фабриките, сега менаџерите го лоцираат во прекинатите или влошени ланци на испорака на репроматеријали. Дури 60,4% од компаниите сметаат дека производството не е во полна динамика поради влошената набавка на материјали, меѓу кои секако предничат сицилиумските чипови.