Поранешниот Француски тркач и индустриски магнат, Ричар Ромањи, ја понуди на аукција својата спектакуларна колекција на автомобили со огромно историско значење.
Аукцијата се спроведува преку познатата француска аукциска куќа Artcurial, а целата палета на автомобили на Ромањи можете да ја видите на следниот линк.
Човекот кој учествувал на Релито Париз-Дакар најмалку 3 пати, очигледно е голем фан на автомобилите од неговата рдна земја, па затоа во својата понуда се сместени 37 Цитроени, 24 Пежоа и 13 Рено автомобили.
Аукцијата се затвара за 15 дена, а досега веќе се пријавени голем број на наддавачи.
Од “Француската флота” ги издвојуваме :
1961 Citroën DS 19

Oчекувана цена – 40.000 – 60.000 евра
1978 Citroën CX 2400 GTI

Oчекувана цена – 40.000 – 60.000 евра
1955 Citroën Traction 15

Oчекувана цена – 30.000 – 50.000 евра
1967 Citroën ID 21 Familiale

Oчекувана цена – 40.000 – 60.000 евра
1956 Peugeot 203 C cabriolet

Очекувана цена – 70.000 – 90.000 евра
1968 Citroën DS 20M

Очекувана цена – 24.000 – 36.000 евра
1968 Peugeot 404 Coupé

Очекувана цена 25.000 – 35.000 евра
1973 Citroën DS 23

Очекувана цена 35.000 – 55.000 евра
1972 Citroën SM Carburateurs

Очекувана цена 35.000 – 55.000 евра
Во колекцијата се наоѓаат уште голем број на иконски модели од францускиот но и светскиот автомобилизам, а на крајот од листата на експонати, заинтересираните може за себе да изберат и неколку моторцикли од колекцијата на Ромањи.
А како бонус, во листата на автомобилите кои одат на аукција е и
1998 Toyota Land Cruiser PHZJ 75 Protoy

Очекувана цена од 70.000-130.000 евра
Останува да видиме, дали ова интересно парче автомобилска историја, ќе ги постигне проектираните цени на аукцијата.