30/09/2022
spot_img
домаТоп вестиФотоволтаични системи со кредит од само 3%

Фотоволтаични системи со кредит од само 3%

ЕВН и ПроКредит Банка започнуваат нова соработка преку која компаниите во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит Банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН.

Со инсталација на фотоволтаични системи трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30%, вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за 6-8 години. Покрај финансиското олеснување на долг рок, компаниите придонесуваат и за намалување на емисиите на CO2 во воздухот и ја покренуваат свеста за одржливи проекти во земјата.

„Компаниите во ЕВН го имаат вистинскиот партнер за инсталација на фотоволтаични системи. ЕВН има долго локално и интернационално искуство во областа на обновливата енергија и енергетската ефикасност. Следејќи ги потребите  на пазарот и технолошкиот развој, нашето знаење го преточивме во поволна понуда за бизнис корисниците. Услугата подразбира креирање на персонализирано решение по принципот „клуч на рака“, преку анализа на специфичната потрошувачка, анализата на самиот објект, набавка и инсталирање на фотоволтаичните системи со сета пропратна документицја, и секако најважното – откуп на вишокот произведена енергија. Целта е поголемо искористување на енергијата за сопствени потреби и со тоа постигнување на најголеми заштеди за бизнисите.“ – изјави Илија Ќироски, Раководител на групата за дополнителни услуги во ЕВН Снабдување.

Преку партнерството на ЕВН и ПроКредит Банка, корисниците ќе можат да ја заокружат и финансиската конструкција за фотоволтаичните системи на ЕВН преку понудата на ПроКредит Банка. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и истата е со стимулативната каматна стапка од 3% и 0% провизија при исплата на кредитот.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...