Фотографиите од камерите за сообраќајни прекршоци причина за големи проблеми

78

Додека кај нас наголемо се тестираат и подготвуваат за употреба камерите за сообраќајни прекршоци и брзо возење, во Италија е констатирано дека истите им создаваат многу приватни проблеми на граѓаните.

Конкретно, фотографиите кои заедно со казната за сообраќајниот прекршок,се испраќале на домашна адреса честопати предизвикувале кавги, развод на бракови, раскин на љубовни врски, па и проблеми во деловниот свет (ако сопатникот чиј лик е јасно видлив на фотографијата, е неочекувано или непосакувано лице).

Како резултат на тоа, Италијанските власти кои имаат инсталирано 11.000 камери за сообраќајни прекршоци, многу повеќе од било која земја во Европската Унија, засега на домашна адреса ќе ја праќаат само казната. Увид во фотографијата, прекршителот ќе има само доколку вложи жалба.

Се чини дека анализата на ефикасноста на овие камери и понатаму ќе биде под лупа на Италијанските власти, бидејќи и Матео Салвини, министерот за сообраќај, се изјасни против нивното користење кое од една страна е инвазија на приватноста, кршење на законите за заштита на податоците, но и анархија во која локалните власти ги тероризираат возачите со огромни казни со кои ги полнат своите буџети.

Според него, камерите треба да се укинат, освен на места кои се навистина нужни како што се околината на училиштата и градинките.

Реклама