01/10/2022
spot_img
домаАвто ВестиFord развива кабел што ќе ги полни електричните возила за 5 минути

Ford развива кабел што ќе ги полни електричните возила за 5 минути

Гигантот од Детроит – FORD, ги здружи силите со Универзитетот Пардју, за да се изработи кабел кој само за 5 минути ќе ги полни батериите на електричните возила.

Тоа секако би водело до вистинска револуција во развојот на електричните возила, кај кои еден од најголемите проблеми е комплицираното и сеуште долго време на полнење.

Во моментов, брзината на полнење се движи од најбрзите 20-тина минути кај “Брзите” DC полначи, до 12-13 часа, кога електричниот автомобил се полни дома.

Според тоа, ова решение, за кое се вели дека сеуште бара уште многу работа, е навистина револуционерно.

Причината поради која полнењето преку актуелните полначи е споро, е поради фактот, што постоечките кабли не можат да издржат поголем проток на струја од постоечкиот која создава и огромна топлина, од која може да бидат предизвикани поголеми хаварии.

Според оскудните информации кои доаѓаат од Ford, иновацијата на која во моментов се работи е создавање на кабел, кој ќе може да издржи пет пати поголем проток на струја од постоечките, а за ладење ќе користи разладна течност вградена во кабелот која при високи температури ќе испарува… а со тоа и ќе го лади и штити кабелот.

- Реклама -spot_img

Најнови содржини

- Реклама -spot_img

Најпопуларно

Неговото височество Golf GTI

0
И статистиката и емоциите, јасно покажуваат кој е најпродаваниот и најпосакуваниот модел на тркала на Европскиот континент. Легендарниот Golf, креиран во дизајнерскиот центар на брендот...

Златното момче на Хрватска. Балканскиот Елон Маск

0
Со само 33 години, роден е на 12 февруари 1988 година во Ливно, Босна и Херцеговина, Хрватот Мате Римац го живее својот сон. Тој веќе...

Пристигнуваат ли новите гуми без воздух?

0
Гуми кои нема да мора да ги пумпате со воздух. Гуми кои нема да се оштетуваат при контакт со ивичникот на тротоарот. Гуми кои нема да...

Kако да се заштитите од кражба на автомобилот?

0
Направената анализа на Националната Канцеларија за статистика на Англија и Велс, врз база на прибраните и обработени податоци за криминалните дејствија, презентираше неколку...

Аutodata влегува во наставниот процес во Македонија

0
Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и...