Саемската манифестација во Минхен, на која по долга пауза повторно се собрани поголемиот број на европски производители на возила, е во полн ек.
Најистакнати, сосема очекувано се Германските брендови.

Меѓу нив, секако е и BMW, кој на 2021 IAA Mobility Саемот, во фокусот на својот настап пред новинарите, посетителите и јавноста ги става следните точки :
- Забрзано темпо на борба против климатските промени
- Посветеност кон јасната цел да се постигне целта од 1.5-степени
- 50% намалување на CO2 емисијата до 2030 година
- Над 40% намалување на CO2 емисиите за време на животниот циклус
- Циркуларна економија – до 50% користење на секундарен материјал
- E офанзива : Удвојување на волуменот на испорака на батериски ќелии во рок од 10 години, како резултат на планот да се произведат 10 милиони електрични возила
- BMW i Vision Circular кој го демонстрира потенцијалот на возилото кое постојано е во циклус на материјали
- Четири дополнителни концептни возила за пионерски чекори кон одржливата мобилност на две и четири тркала
- Целосно електрични клучни модели BMW iX и BMW i4 кои ја слават својата премиера токму на саемот.


