Според последните информации во странките медиуми, VW планира да го запре производството на автомобили во својата “Транспарентна” фабрика во Дрезден, која функционираше со полна пареа околу 20 години. Но, според истиот извор, зградата и околу 300 вработени ќе бидат задржани.
Вработените ќе бидат прераспределени на нови работни задачи во сферата на тестирање и иновативното производство.
Во фабриката се произведува ID.3, а само минатата година од оваа фабрика се стркалале 6.500 автомобили од овој модел.

Оваа информација доаѓа по веќе најавените неколку стотини откази кои се подготвуваат во фабриката во Цвикау, како и укинувањето на една цела смена во фабриката.
Сите овие сценарија, како на филмска лента се редат во VW, кои се обидуваат да се справат со тешката ситуација во индустријата, и намалената побарувачка.. за која очигледно нема оптимистички предвидувања.