Eлектричните возила го “изгореа” шефот на Hertz

52

Една од најпознатите рент-а-кар компании Hertz, објави дека го менува досегашниот директор Стефан Штер.

Главниот “грев” на Штер е погрешната проценка, агресивно да ја воведе електрификацијата во возниот парк на Херц. Конкретно, Херц уште во 2021 година предизвика големо внимание кога најави дека неговата компанија планира да набави 100.000 електрични возила Tesla, а оваа стратегија уште повеќе ја засили директорот Штер кој набави 175.000 електрични автомобили од General Motors и уште 65.000 единици од Polestar.

Но, на почетокот од оваа година, Херц тргна во спротивен правец.

Објавена е намерата дека ќе бидат продадени околу 20.000 електрични автомобили, што е во склад на светскиот тренд, да се успори со електрификацијата и врати на традиционалните мотори со внатрешно согорување.

Некои од главните причини за ваквата одлука се – исклучително високите трошоци за одржување и сервис, како и сериозниот пад на вредноста на користените возила, пред се поради агресивните продажни кампањи кои ги спроведуваше Американската компанија Tesla.

Реклама